Трибичино и Дукатино ќе добијат нов Водовод
Градоначалникот на општина Василево, г-н Ванчо Стојанов потпиша договор за регионален развој на села преку кој ќе се изработи техничка документација за изградба на водовод во селата Трибичино и Дукатино.
Неодамна беше донесена и одлука на Советот на општина Василево, со која водводите во Трибичино и Дукатино ќе ги преземе комуналното претпријатие Турија од о.Василево и ќе ги реализира сите потребни активности за изградба на на современ водоводод во овие две населени места.
За овој проект се обезбедени средства во висина од 720 000 денари од Бирото за регионален развој, а општина Василево ќе учествува со 200 000 денари.
Јавната набавка за реализација на овој проект ќе биде распишана во наредниот период.