Трет модул од обуката за инклузивно образование
Со содржини и активности од модулот 3 од инклузивното образование за ранливи групи, претставниците од основното општинско училиште „Видое Подгорец” од Струмица ја проследија обуката за „Средини кои го помагаат индивидуализираното учење”. Во интерактивна атмосфера и посветеност од страна на обучувачите, беа опфатени активности во делот на разбирање на свесноста за ситуацијата кај децата, пристапот кон животниот циклус и поставувањето на цели, употреба на изјавите за цели за повратни информации, создавање можности за учење, приспособување на средините за учење и планирање на идни активности.
Креирањето на општинските образовни политики во општина Струмица веќе подолго време содржи елементи за работа со ранливи групи и ученици со посебни образовни потреби преку вклучување на стручни лица – дефектолози, логопеди и социјални работници во воспитно – образовниот процес во сите училишта, со особен осврт кон паралелките за деца со аутизам и можностите за градење на инклузивни средини за сите деца.