Транзен објавува конкурс за фотографија-Природно-културни убавини на општина Босилово
Здружението за Култура Транзен објавува конкурс за фотографија.
Конкурсот е во рамките на проектот – Природно-културни убавини на општина Босилово, финансиран од Делегацијата на Европската Унија во рамки на програмата за одбележување на Европската година на културното наследство 2018.
Право на конкурсот имаат сите фотографи и уметници кои се занимаваат со фотографија од Р. Македонија. Темата е “Природните и културни убавини на општина Босилово”, изразот и стилот на фотографијата е слободен и авторски. Од пристигнатите фотографии ќе биде реализирана изложба и ќе бидат доделени три награди:
Прва награда за најдобра фотографија во износ од 18 000 денари
Втора награда во износ од 12 000 денари и
Трета награда во износ од 6000 денари.
Фотографиите (во голема резолуција) се испраќаат најкасно до 15 март 2018 год. на емаил адресата [email protected].