Традиционална крводарителска акција во општина Василево
Општина Василево денеска организираше крводарителска акција во соработка со Црвениот крст и Ценатарот за трансфузиологија од Струмица..На оваа крводарителска акција,градоначалникот на општина Василево, господинот Ванчо Стојанов испрати апел до сите хумани граѓани да земат учество во ваквите акции со што ќе им се помогне на оние луѓе на кои им е потребна ваквата помош.
Општината вакви крводарителски акции организира 7 година на секои 4 месици.Според Ивана Трајкова од о.Василево,граѓаните ги подржуваат ваквите акции иако овој период повеќето од граѓаните се занимаваат со земјоделие,тие се надеваат дека оваа ќе биде успешна крводарителска акција.
Од општината најавија дека со ваквите крводарителски акции ќе продолжат и понатаму,бидејќи со ваквите акции се помага на луѓето и може да се спаси нечиј човечки живот.