ТИМ ЗОРАН ги собра златните медали на државното првенство во КИК БОКС
На државното првенство во КИК БОКС кое се одржа во Скопје на ден 14.05.2017 година, КИК БОКС клубот ТИМ ЗОРАН – СТРУМИЦА учествуваше со тројца натпреварувачи и освои три златни медали:
Ристе Чавков 6 години до -25 кг. државен шампион
Филип Мицевски 14 години до 69 кг. Државен првак
Овие двајца натпреварувачи се во дисциплината КИК ЛАЈТ
Витанче Витанов до 16 год. категорија +91 кг. Државен првак во дисциплина ЛОУ КИК
На учесниците и на нивниот тренер Зоран Спасов од се срце им го честитаме успехот и се надеваме дека и во иднина ќе освојуваат нови врвови!