СВР-Струмица „ЛЕТО БЕЗ ПОЖАРИ“
Министерството за внатрешни работи – Секторот за внатрешни работи-Струмица, во соработка со Регионалниот Центар за управување со кризи – Струмица, Дирекцијата за заштита и спасување, Ј.П Македонски шуми, ТППЕ и други субјети надлежни за превенирање на и од пожари, имајќи ги во предвид претстојниот период на зголемување на температурата а со тоа и зголемена раздвиженост на граѓаните , излегување во природа, одење на лов и подготовка на земјиште за земјоделски посеви и култури, со што се зголемува можноста од појава на шумски пожари на отворени простори, заедно под мотото „ЛЕТО БЕЗ ПОЖАРИ“, Апелира до граѓаните на зголемена будност и внимателност при движење во шумите како и при движење на отворени простори заради превенција од пожари, предизвикување на општа опасност и загрозување на животот, здравјето и имотот на граѓаните, да не се фрлат догорчиња и отпушоци на отворен простор, да не се пали оган на отворено, стрништа, плевел и отпадоци со што заедо ќе допринесеме за зачувување на шумите и истите ги оставиме во наследство на идните генерации.
Доколку забележете пожар веднаш пријавете на бесплатните телефонски броеви 193 ( ТППЕ), 195 (РЦУК) и 192 (полиција).
НАЧАЛНИК НА СВР
ХР. Танчо Пројковски