Свински Котлети со Јаболка и Жалфија за Ручек

За денеска ви предлагаме свински котлети со јаболка и жалфија, приговете нешто вкусно за вашето семејство….

СОСТОЈКИ

  • 4 парчиња кременадли или 2 поголеми
  • 2 парчиња кисела јаболка и лил 1 парче диња
  • 20 листови жалфија
  • 150-200 ml павлака за готвење
  • неколку лажици маслиново масло
  • 1 супена лажица путер
  • по вкус сол и црн пипер
  • и малку цимет

ПОДГОТOВКА

Исецкајте ги јаболката на тенки парчиња, во тава ставете путер да се растопи и потоа ставете ги јаболката внатре.Откако ќе станат меки, тргнете ги на страна. Во друга тава ставете маслиново масло и таму ставете ги котлетите, кои претходно трба да ги исецкате на мали парчиња, месото заедно со листовите нека се пржи, додадете сол по вкус. После неколку минути, откако листовите од жалфија станат крцкви извадете ги за да не изгорат.Откако месото биде готово, ставете го во чинија. Во истата тава додадете маслиново масло и овошјето и сето тоа треба да се пржи се додека не се доведе во карамелизирана состојба. Потоа ставете ги заедно со месото на чинија во која ќе декорирате. Во истата тава , додадете ја павлаката и мешајте ги заедно со соковите од месото како и од овошјето, додадете сол, пипер како и цимет. Ова треба да ви биде сос кој потоа ќе го ставите врз месото…….Имајте вкусен ручек

Преземено од  coolinarka.com

 

Напишете коментар