Свечено доделени дипломите на матурантите од СОУ „Димитар Влахов“
Во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ беа доделени дипломите на 276 ученици кои во учебната 2017/2018 година го завршија средното образование. На свечената церемонија која што се одржа на спортските терени во училиштето присуствуваа градоначалникот Коста Јаневски и членови на Советот на општина Струмица.