Струмичкиот ГРОМ бара оставка од градоначалникот Заев
Претседателот на ОО на ГРОМ од Струмица, Сашо Милковски, денеска на прес конференција побара градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, да си поднесе неотповитлива оставка од функцијата градоначалник.
Интегрален текст од прес конференцијата:
Почитувани,
Она што до вчера беше јавна тајна и се шепотеше низ Струмица, вчера, и слушнавме и видовме, дека всушност и нашата Струмица е дел од темната страна на „Вистината за Македонија“.
Вчера нашиот градоначалник не посрамоти пред целата македонска и меѓународна јавност. Граѓанската опција за Македонија ГРОМ го повикува градоначалникот на Струмица Зоран Заев да поднесе неотповиклива оставка:
1. Затоа што видео снимката недвосмислено говори дека тој е на чело на „урбаната мафија“ во Струмица.
2. Затоа што го оштетувал општинскиот буџет и тоа, како што самиот тврди, во повеќе наврати, намалувајќи ја цената на државното земјиште дури за шест пати, односно од 438 денари на се на се 71 денар по квадратен метар, се разбира за оние кои што се подготвени, нему лично, во кеш да му дадат мито.
3. Бидејќи цената ја утврдувал тој лично, цитираме: „така како што ќе речам јас“?!
4. Барал поткуп од 66.000 евра или едно евро на квадратен метар да му се даде „нему лично”.
5. Затоа што преку примање на поткуп, како што самиот вели, повеќе стопанственици се стекнале со државно земјиште по багателни цени.
6. По угледот на познатите ракатари, парите ги пренасочувал, да бидат однесени во менувачницата на неговиот брат, па така евентуално обележани пари да бидат ,,заменети” во менувачницата цитирам „кај Вице” и кај него да станат чисти.
7. Господине Заев, дали по едно евро барате за Вас и за црквата, за да си ја исперете совеста?
Очигледно Вашата совест е нечиста, вашите раце се валкани. Вие повеќе немате морално право да ги трошите парите на граѓаните на Општина Струмица и усте еднаш Ве повикувам да си поднесете неотповитлива оставка – изјави Сашо Милковски.