Струмичани повторно ќе гледаат одбојка на песок
На 24,25 и 26 јуни (петок,сабота и недела) во дворот на Друштвото „Партизан“ ќе се одржи турнир во одбојка на песок, во организација на Одбојкарскиот клуб „Ветерани“ Струмица.
Според зборовите на Љупчо Танушев кој е дел од организацијата на турнирот, во моментот се прават последните подготовки околу адаптацијата на теренот и поставувањето на неопходната опрема за одигрување на натпреварите. Се очекува на турнирот да учествуваат екипи од земјата и странство, во конкуренција на младинки, младинци, сениорки, сениори и ветерани. Наградниот фонд на турнирот ќе изнесува 1 000 евра.
Како и минатата година, така и годинава, турнирот ќе се одржи под покровителство на Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев, со што уште еднаш се потврдува континуираната заложба на Општина Струмица за поддршка на одбојката и на спортот воопшто и негова афирмација и популаризација.