Струмица ќе биде домаќин на бизнис саем за прекугранична соработка
На 22 и 23 ноември во хотелот „Сириус“ ќе се одржи бизнис саем за прекугранична соработка Струмица – Кичево – Кукуш – Поликастро STRUMICA EXPO. Целта на саемот е да придонесе за побрз економски развој на прекуграничниот регион преку обезбедување можности за вмрежување и соработка помеѓу малите и средните претпријатија. По свеченото отворање кое е закажано утре со почеток во 14 часот ќе се одржат презентации на добри практики од Струмица и Кукуш, презентација на старт-ап бизнис од Струмица, бизнис соработки, дегустации и промоции. Вториот саемски ден ќе продолжи со презентација на добра практика од Кичево, претпријатие од Кукуш, дегустација на кичевско овчко сирење, струмички ајвар и грчки леб.
Саемот се одржува во рамките на проектот „Бизнис мрежа С-К-К“ финансиран од ЕУ.