„Струмица како културна – историска туристичка дестинација“
Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, го поздрави завршувањето на проектот „Струмица како културна – историска туристичка дестинација“ на здружението за култура и развој на креативни индустрии Култ – Транзен. При тоа тој истакна дека поддржувајќи го овој проект со 20 насто од неговиот вкупен буџет, Општината го потврдува партнерскиот однос со граѓанските организации и ги мотивира да креираат проекти со кои се унапредува развојот на Струмица. За две години преку два јавни повика поддржани се вкупно седум граѓански организации кои реализираат проекти во рамките на Програмата за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) финансирана од Европската унија, а спроведувана преку УНДП.