Street Dance Battles по Втор Пат на Струмица Опен Фест

„Годинава, по втор пат во склоп на 10-дневната културно-уметничка, едукативна и забавна програма на Струмица ОПЕН фестивал ќе се одржат street dance battles или улични битки во танцување. Новитет за годинава се дводневните работилници каде танчери од повеќе национални танцови клубови од Македонија ќе споделат искуство и бесплатни часови со струмичката публика.

На 6 и 7 август, со бесплатен влез, во фитнес салата на Партизан на неколкучасовни работилници ќе бидат прикажани стиловите hip hop, krump, reggaeton и breaking.

https://www.youtube.com/watch?v=kmk69Vytl74

Од денес, во тек е и пријавувањето за учество на танцовите битки. Сè што треба да направат заинтересираните танчери е да испратат свои лични информации и контакт на [email protected].

Минатогодишниот победник Саве Исирова заедно со искусните танчери Панче Димов, Јана Петровска и Бенџамин Џафери ќе бидат на располагање за подготовка на сите нови натпреварувачи кои ќе настапуваат на 9 август (недела) на сцената во Двор на АРМ со почеток во 22.00 часот.

За тројцата највисоко пласирани следуваат вредносни ваучери како награди.“

Напишете коментар