Стартуваше Уписот во Средните Училишта
Денеска започна уписот во средните училишта.Во струмица планирано е вкупниот број на запишани средношколци да биде 1248 ученици.Утрово ходниците на средното општинско училиште ЈАНЕ САНДАНСКИ,беше преполни со ученици што сакаат да се запшат во ова средно училиште.
Во средното општинско училиште „Јане Сандански“ во прва година ќе се запишат вкупно 374 ученици во 11 паралелки и тоа 238 во гимназиското образование и 136 во економско – правна и трговска струка.
Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот рок. Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 22 и 23 јуни 2015 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни 2015 година.