Стартуваа подготовките за Струмичкиот карневал,кој оваа година ќе се одржи на 18 февруари
Организациониот одбор на струмичкиот карневал ги започна подготовките за новото издание кое што ќе се одржи на 17 февруари 2018 година. Во домот на АРМ се одржа работна средба со претставниците на домашните карневалски групи кои имаат и најголем придонес за квалитетот и афирмацијата на оваа вековна струмичка традиција. На средбата се разговараше за програмата на новото карневалско издание, се даваа предлози и сугестии за нови содржини се со цел на домашната и странската публика да и се понуди уште едно незаборавно карневалско доживување.