Startup Macedonia meetup – и во Струмица има успешни стартапи
Во вторник 25ти Октомври со почеток во 17:00 часот во просториите на Brainster Струмица (ул. Мајка Тереза бр.2 Струмица), Startup Macedonia со поддршка од Brainster Strumica организира отворен настан каде гости ќе бидат Ева Пиперевска ко-основач на Стартап Македонија, фасилитатор и организатор на Startup Weekend Skopje и ко-основач на CornerCase, Крум Ѓеоргиев ко-основач на Iconcrafts и Работилница и Митко Цабески ко-основач на македонско-хрватскиот стартап Uplug и маркетинг агенцијата King Kong Agency.
Startup Weekend претставува 54 – часовен глобален настан каде се здружуваат програмери, менаџери, студенти, маркетинг експерти и млади претприемачи со цел да генерираат нови идеи за бизнис и да направат план како успешно да ги реализираат, каде ментори се локални и меѓународни стартап експерти. Startup Weekend глобално има повеќе од 1500 настани во повеќе од 660 градови во 120 држави.
Секој настан во просек има 85 учесници, кои реализираат околу 10 нови идеи. Настанот до сега има анимирано повеќе од 123.000 учесници на глобално ниво, а во Македонија се одржува по шести пат. Ева е организатор на 2 викенди сега, а оваа година е и официјален фасилитатор.
Стартап Македонија е основана како непрофитна Асоцијација на стартапи, креативни претприемачи, акцелератори и инвеститори кои ќе работат заедно да креираат средина во која иновативноста ќе биде наградена и новите идеи ќе бидат претворени во издржани бизниси.
Македонија за жал заостанува зад своите најблиски соседи кога се иновациите во прашање, но сега повеќе од било кога претходно, има интерес и потенцијал со кој можат да се охрабрат претприемачите во создавање на нови иновативни компании.
IconCrafts е македонски сервис кој овозможува креирање на уникатни икони преку неколку едноставни промени, па секој може едноставно да го персонализира својот дигитален простор.
Крум е еден од основачите на Работилница и ќе сподели интересни детали за нивниот успех досега.
U:plug технички е хрватска компанија, но е ко-основана од Митко Цабевски, кој во последниве години игра огромна улога во македонската стартап заедница. U:plug има добиено стотици илјади евра за да почне да го продава својот паметен штекер.
Во 17:00 во просториите на Brainster Струмица во вторник Ева и Крум ќе ги претстават свите лични приказни и ќе споделат што значи да се има стартап во Македонија.
Линк до Фејсбук настанот: https://www.facebook.com/events/223902724693128/
Линк за регистрирање:
https://www.eventbrite.com/e/startup-macedonia-meetup–tickets-28687380728