„Средба на Русалии – фолклор“ по седми пат во Секирник
По повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица во четврток на 27 август во Секирник ќе се одржи седмата по ред „Средба на Русалии – фолклор“. На средбата учество ке земат повеќе русалиски групи меѓу кои Русалиска фолклорна група „Пољаните“ од Петрич, Р. Бугарија, КУД „Русалии“ – Секирник, КУД „Танец“ – Миравци и Ансамбл Македонија. И оваа година средбата ќе биде организирана под покровителство на општина Босилово како и Министерството за култура на Република Македонија, православен храм „Пресвета Богородица“ – Секирник и НУЦК „Антон Панов”– Струмица.