Советот на општина Струмица на ден 15.03.2019 година ќе ја одржи 21 седница
Советот на општина Струмица на ден 15.03.2019 година (петок) со почеток во 11 часот во домот на АРМ ќе ја одржи 21 седница со следниот дневен ред:
1. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за четвртиот квартал од 2018 година;
2. Годишен извештај на Општина Струмица за 2018 година;
3. Предлог – Завршна сметка на Буџетот на општина Струмица за 2018 година;
4. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2018 година;
5. Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на Општина Струмица за 2018 година;
6. Извештај за реализација на Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Струмица за 2018 година;
7. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2018 година;
8. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот во 2018 година;
9. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица за областа на социјалната и детската заштита во 2018 година;
10. Извештај за реализација на Програмата за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2018 година;
11. Извештај за реализација на Програмата на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2018 година;
12. Извештај за реализација Програмата за активностите на општина Струмица во областа на меѓународната соработка за 2018 година;
13. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2018 година;
14. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2019 година;
15. Предлог – Одлука за одобрување на Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски;
16. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2019 година;
17. Предлог – Одлука за долгорочно задолжување на општина Струмица
18. Предлог – Одлука за давање на трајно користење и управување на недвижни ствари (пречистителна станица за отпадни води) на ЈПКД „Комуналец“- Струмица;
19. Предлог- Одлука за спроведување на превентивна дезинсекција, дезинфекција и дератизација на подрачјето на општина Струмица за 2019 година;
20. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Струмица;
21. Извештај за работа на ЈП “Паркиралишта Струмица” Струмица за 2018 година;
22. Годишна сметка на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ Струмица за 2018 година;
23. Одлука за распоредување на остварената добивка по Годишната сметка на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ за 2018 година;
24. Извештај за работа на ЈПЕД “Струмица гас” Струмица за 2018 година;
25. Годишна сметка на ЈПЕД „Струмица гас“ Струмица за 2018 година;
26. Одлука за распоредување на остварената добивка по Годишната сметка и финансиските извештаи на ЈПЕД „Струмица-гас“ за 2018 година;
27. Годишен извештај за работата на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ за 2018 година;
28. Годишна завршна сметка на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ за 2018 година
29. Извештај за работата на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ за 2018 година;
30. Завршни сметки на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ за 2018 година;
31. Извештај за работата на Општинска јавна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ Струмица за 2018 година и
32. Предлог – Програма за поставување урбана опрема на територијата на општина Струмица за 2019 година