„Солза за крај“ – нова балада на Александра Јанева
Струмичанката Александра Јанева до крајот на месец ноември ќе го претстави својот нов сингл.
Песната е балада насловена „Солза за крај“, а зад неа комплетно се потпишува авторот Ѓорги Крстевски.
Неделава се снимаше емотивна есенска видео-приказна во реализија на Крстевски Music Production, а поддржано од Студио Даци, Beaty Studio Mirage и Boutique Chic.
Соработката на Александра и Ѓорги започна на почетокот од 2016 година со успешниот сингл „Еве ме пак“ кој на мрежата YouTube веќе достигна 280.000 прегледи и важи за една од најслушаните песни годинава.
Во својата тригодишна кариера Јанева има вкупно 10 синглови, учество на многу фестивали и две Макфестовски победи.