Скриена зад мала група граѓани, Вмро-Дпмне ја манипулира јавноста
Денеска на прес конференција, СДСМ-Струмица преку портпаролот Костадин Костадинов реагираше на вчерашниот прес на мала група на граѓани, кои со идентичен текст добиен од страна на Вмро Дпмне се обидоа повторно да ја манипулираат јавноста.
Тоа е само потврда за паниката и лудилото кое го има кај Никола Груевски и Вмро-Дпмне, по објавените нерегуларности во избирачкиот список со така наречените Фантомски гласачи.
Костадинов уште еднаш потврди дека на улицата Моша Пијаде број 16, лицето Елизабета Обриња не постои, исто така на улицата Моше Пијаде број 20, лицето Софија Врањик исто така не постои.
Исто така и на улицата Младинска во Детската Градинка има тројца фантомски гласачи.
На крајот Костадинов истакна дека хаосот со избирачкиот список мора да се реши и некој мора да одговара за овој криминал.