Си се Омажила за Пари и Сега …
На плоштад седат дедовци,баби, мајки со деца за пасење, татковци во друштво на мајки со деца за пасење , тие со штикла 12 , а вежбале разодување 2-3 саата ..
Седи и она ,струмичанка мажена богато во Дојран , и кука ли кука колку и било досадно, сред лето , најдосадно во светот…Дојран најдосаден..животот најдосаден…
И не ми е јасно.
Дали кука заради Дојран,комарците во Дојран,дали кука заради клупите на струмичкиот плоштад, дали кука од шо и е жешко или е најглупава на цел свет.
И сега.. highlight во животот и било да се омажи за богат .
А да ми кажеш кога бевте во врска од каде доаѓаше да те земе од дома ? Од Париз? А кога те викаше кај него дома на кафе ,каде те носеше?Во Мадрид ?
Во Дојран срцка , од и во Дојран/Валандово/Радовиш/Турново/Трибичино
/Цирих/Берлин/Софија/Копенхаген…како да ти кажам ,сеедно е за тебе.
Најбитно е .. “Ќе ми купеш ли срцка се шо сакам, оти јас на тебе ногу те сакам?“ -“Че ти купам”-ти рече.
Многу ме интересира што правиш по цел ден/недела/месец..
Или си фиктивно вработена кај него у фирма па им упаѓаш одвреме навреме колку да провериш дали маж ти работи нешто или “работи” нешто.
Или недајбоже доаѓаш на работа да работиш (колку да ги малтретираш вработените дека ти се знаеш како треба да се работи во фирмата на газдата (маж ти) и за се си информирана….БЉАК.
Не , чекај..треба на фризер да одиш..двапати неделно..4 часа.
Педикир …4 часа
Маникир…18 часа (извини шо се задржах, ама не ми се ареса тва бордото, така некак не ми ги погоди првио пат, на фејсбук друга беше сликата)…добро де знаеме дека сеуште ти ја вадат нивата на дедо ти од под ноктите..
Козметичар..4 часа
Деца не гледаш затоа што на свекрва ти нејзините и ги изгледала нејзината “свекрива” па сега она че ги изгледа твоите, исто како и мајкати.
Филери…ќе ти треба за едно две-три години.
Ни на крај памет не ми е дека готвиш било што..
Зумба….4 часа
Спа….. 4 часа… а ,од што тоа се опушташ ?
Кај другарка ти на работа …3-4 часа на ден.
Шопинг ….е тоа ќе е …катастрофа невидена.
Се што си купила од Струмица , освен од „Елена Лука“ , слободно фрли го !
И колку време потроши/помина одкако … како беше ..““Че ти купам”-ти рече“ до „ шо че ти се пак пари“…оние што не се од тебе заработени.
Автор-Trillian McMillan@don’t panic