Шестта ,,Иселеничка средба” во општина Босилово
Убавата македонска песна и богатиот фолклор ги собра иселениците од општина Босилово на едно место. На иницијатива на градоначалникот на Босилово Љупчо Колев во општинскиот центар се одржа шестата по ред иселеничка средба.
Босилово важи за општина која има голем број граѓани кои долги години живеат и работат во некоја од европските држави и токму затоа локалната самоуправа пред шест години започна да ја реализира средбата која има за цел да ги собере на едно место иселениците од сите населени места од општината, но и од регионот и на симболичен начин да им покаже дека и покрај тоа што во моментов не живеат тука, општината сепак мисли на нив. Најубавиот начин да се направи тоа е концерт со убавата македонска песна која одсекогаш била алката која ги поврзува сите македонци со родниот крај без разлика каде живеат и работат.
Средбата се одржа на Летната сцена во Босилово. Програмата започна со група “Пицикато” потоа Спасе Петров, Кирил Митовски и Мотив Бенд, а како специјален гостин на вечерта беше Благица Павловска