Шест Ракометари ја продолжија соработката со ЗОМИМАК-М
Раководството на РК Струмица Зомимак-М ја продолжи соработката со шест играчи кои беа дел претходната сезона и на тој начин се задржува костурот на тимот.
Реваз Чантуриа, Златко Везенковски, Игор Милосављевиќ, Александар Босеовски, Благојче Трајкоски и Александар Стојановски, ставија потписи на нови едногодишни договори.
Во тек се и преговорите за продолжување на соработката со останатите играчи од минатата сезона.
Раководството на клубот покрај задржување на минатогодишниот тим веќе е во крајна фаза на преговори со неколку засилувања на тимот за следната сезона.