Шеќеринска на Трибина во Струмица
Синоќа во полната сала на центарот за култура Антон Панов во Струмица ,беше организирана трибина на која зборуваше заменик претседателот на СДСМ госпоѓата Радмила Шеќеринска.
Заменик претседателката на СДСМ од трибината во Струмица потенцираше дека секој ден без Груевски е шанса македонските граѓани да бидат посилни, а властодршците да станат послаби. Таа во својот говор пред присутните рече дека е потребен период во кој институциите полека ќе се ослободуваат од влијанијата на Груевски врз истите.
„Следните избори ќе бидат избори со или без страв, со или без слобода, и од тука ја црпиме увереноста дека луѓето сакаат да гласат за промени, но мора да се ослободат од впечатокот дега Груевски е таму горе и дека тој одлучува за се. Нашите барања ја имаат таа цел и бидејки целта ни е цврста, како и преговорачките барања, ќе издржиме до крај“, изјави Шекеринска.
Таа додаде дека Груевски мора да реши дали овие денови ќе има или не политичка разрешница, а народот ќе покажел дека веќе никој не им се плаши. Потенцираше дека опозициската борба ќе продолжи и дека ќе се засили и по улиците, и на прес конференции, и по градовите и по селата.
„ Ако се направи анализа, преку своите оф-шор компании тие се сопственици на три четвртини од компаниите државата. Ќе ни треба многу време, крак по крак да се сечат пипците на тие криминални структури. Но, клучно е да ја испратиме пораката дека ова не е само политика, туку дека ова е нашиот живот и наша заедничка битка. Во ваква Македонија како денес, нашите деца ќе растат со помалку шанси, со никакви перспективи и ќе гледат да им се приклучат на оние 500 илјади што ја напуштија државата, 20 илјади прислушкувани граѓани, 6 милијарди евра задолжени кон странство. Само овие показатели ви кажуваат дека ако во брзо време Малкедонија не се разбуди од овој политички кошмар, нема да имаме што да спасуваме. Она што ние го понудивме е да излезе вистината на виделина, да излезат луѓето и да покажат дека оваа власт го изгуби и кредибилитетот и легитимитетот, додаде Шекеринска.