Се уредува дворот во општинското средно училиште „Никола Карев
Во општинското средно училиште „Никола Карев“ почна уредувањето на дворот. Денеска се сечеа дрвјата пред училишната зграда кои предизвикуваа проблеми во зимскиот период, а освен тоа ќе се извршат и други активности кои ќе ја разубават оваа површина. Освен во дворот пред училишната зграда планирано е и комплетно уредување на дворната површина позади зградата.
Средното општинско училиште „Никола Карев“ во континуитет работи на подобрување на условите во и околу училишната зграда, а со цел да го направи попријатен престојот за учениците и вработените.