Се става втор слој асфалт на улицата „Герас Цунев“
Поставувањето втор слој асфалт во градот, денеска, продолжи на улицата „Герас Цунев“, а согласно Програмата за улици и патишта на општина Струмица за 2015 година. Со овој градежен зафат опфатена е вкупна површина од 1.080 метри квадратни, а се става асфалт АБ 11 со дебелина од четири сантиметри.
Поставувањето на втор слој асфалт се врши со средства од буџетот на општина Струмица.