Се поставува втор слој асфалт на улиците во градот и населените места
Согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2016 година, општина Струмица продолжува со планираните активности. По поставувањето втор слој асфалт во населеното место Баница на површина од 1.600 метри квадратни, вчера овој градежен зафат се реализираше на улицата „Браќа Миладинови“ на површина од 960 метри квадратни, денеска се работеше на улицата „Коста Бозов“, од улицата „Браќа Миладинови“ до улицата „Иљо Шопов“ на површина од 700 метри квадратни. Сите овие зафати се реализираат со средства од буџетот на општина Струмица.