Се одржа Велигденски хуманитарен базар во ООУ „Сандо Масев“
По повод големиот христијански празник Велигден во основното општинско училиште „Сандо Масев“ се одржа Велигденски базар од хуманитарен карактер. Дел од средствата собрани од продажбата на прекрасно изработените дела се наменети за купување на предмети од бела техника за семејството на еден од учениците во училиштето, а останатиот дел за набавка на нагледни средства за подобрување на воспитно – образовниот процес.