Се одржа работна средба за Денови на меѓуетничка интеграција во Општината
Во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, во кој општина Струмица е вклучена од пред 5 години, во организација на општина Струмица се одржа прва работна средба со директорите од сите општински основни училишта и претставниците на тимовите за меѓуетничка интеграција од секое училиште.
Целта на оваа средба произлезе од планирањето на годишен настан кој тематски е наречен „Денови на меѓуетничка интеграција во општината“, со донесување на заеднички акционен план, во кој ќе учествуваат сите девет општински основни училишта. Училиштето „Маршал Тито“ од Струмица е избрано за училиште-домаќин, а другите осум ќе реализираат активности како партнер училиште или училиште гостин. На работната средба присуствуваа претставници од проектот на УСАИД, со директорот Небојша Мојсоски. Општина Струмица активно учествува во планирањето, следењето и реализацијата на акциониот план, помага во обезбедувањето на потребните ресурси и со свои претставници го поттикнува целокупниот процес за успешен завршен настан, кој е планиран кон крајот на месец октомври.