Се одржа првата сесија од Проектниот форум
Во големата сала на домот на АРМ, денеска, се одржа првата форумска сесија од Проектниот форум, а кој што се реализира во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ финансиран од УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка. На Форумот учествуваа граѓани од урбаните и месните заедници, општинската администрација и претставници на невладиниот сектор кои што се запознаа со активностите и целите на форумскиот процес и даваа приоритет на тема за која подоцна ќе биде избран проект за кој донаторите предвидоа 50 илјади швајцарски франци. Учесниците на првата сесија ги поздрави градоначалникот, Коста Јаневски.