Се одржа општински натпревар по Физика
Во основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј” од населеното место Дабиле се одржа Општински натпревар по физика, на кој учествуваа ученици од четири основни општински училишта „Видое Подгорец, „Сандо Масев“, „Никола Вапцаров“ од Струмица и домаќинот „Св. Кирил и Методиј“. На натпреварот беа пријавени 24 ученици и тоа 16 од осмо одделение и 8 од деветто одделение. Натпреварот се состоеше во решавање на пет нумерички задачи од кои секоја носеше по 20 бода.
Комисијата составена од менторите на самите ученици, после завршување на натпреварот ги прегледаа решенијата на задачите и бодовните резултати за секоја задача. Меѓу осмоодделенците најдобар резултат со максимални 100 поени постигна Илија Боневски, а меѓу учениците од деветтите одделенија најдобар беше Димитар Трајков со освоени 98 поени, а сите ученици се стекнаа со право на учество на регионалниот натпревар кој ќе се одржи за еден месец. Во посета и да ги охрабри учениците беше општинскиот инспектор Зоран Узунов.