Се одржа музичката работилница
Заврши еднонеделната музичка работилница – проект на Младинскиот совет, а поддржан од градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица. Работилницата се одржа во амфитеатарот, а учествуваа над 50 учесници на возраст од 7 до 41 година од Струмица, Валандово и Радовиш. Истата имаше теоретски и практичен дел, во теоретскиот, предавачи беа м-р Васко Пиличев кој зборуваше на темите: музиката и важното во неа и трема и видови меморија и Димитар Арапов кој зборуваше на темите: создавање бенд и звук и озвучување бенд. Последните 2 дена беа резервирани за учесниците на работилницата каде практично ги пробаа советите.
Градоначалникот Заев и општина Струмица преку оваа работилница уште еднаш ја потврдија поддршката на талентираните и нивното надоградување во областа на музиката.