Се изготвува првата локална Стратегија за родова еднаквост на општина Струмица
Општина Струмица ја изготвува првата локална Стратегија за родова еднаквост 2017 – 2020 во рамките на проектот на UN WOMEN „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа и Република Молдавија“ како дел од менторска поддршка обезбедена за општините.
На денешната прва работилница која што се одржа во просториите на домот на АРМ се разговараше за визијата, стратегиските цели, програмите и проектите, а ви истата учествуваа релевантни чинители од оваа област.
Целта на Стратегијата е да се зајакнат досегашните напори и постигнувања во областа на еднаквите можности на жените и мажите и креирањето на родово одговорни локални политики во општината. Во изготвувањето на Стратегијата за родова еднаквост учествуваат Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, претставници од државната администрација, граѓанскиот сектор, поранешни парламентарки од општина Струмица и претставници од Центарот на заедницата.
Un WOMEN служи како оперативна рака на Обединетите Нации на државно ниво и со партнери од голем број земји работи на промовирање на одржлив развој, искоренување на сиромаштијата, унапредување на жените, добро владеење и владеење на правото.