Се интензивираат работните активности за карневалот 2016
Организациониот одбор на струмичкиот карневал ги интензивира работните активности со единствена цел и оваа година да понуди незаборавно карневалско доживување. Синоќа во домот на АРМ се одржа работен состанок со претставниците на карневалските групи. На состанокот се договараше трасата, стартните позиции на карневалската поворка, сценскиот настап, се детектираа можните проблеми и се разгледуваа можностите за нивно надминување, а се разговараше за зајакнување на соработката меѓу карневалските групи и организациониот одбор на карневалот.
Карневалските празнувања ќе започнат на 9 март со детскиот маскенбал, а ќе завршат на 16 март со обичаите карактеристични за празникот Тримери. Главната интернационална карневалска вечер ќе се одржи на 12 март, а пријавувањето за учество во главната карневалска поворка е во тек и ќе трае до 4 март.