СДСМ Реакција на Пресот на ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение за јавност – реакција
Костадин Костадинов, член на Извршен одбор на ОО СДСМ Струмица
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумитe,

Никола Груевски нема поголема болка од градоначалникот на Струмица и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Премиерот во заминување не може да се помири со успесите на општина Струмица:

-Единствената незадолжена општина во државата,
-Со најголем кредитен рејтинг
-Со најдобро деловно опкружување
-Со најголемо искористување на европските ИПАРД фондови за меѓугранична соработка
-Со најдобри практики на транспарентно работење, со сите граѓани и исклучиво во нивен интерес,
-Најеколошката општина
-Единствената системски гасифицирана општина
-Најдоброто место за живеење во Македонија

Општина Струмица е рак рана за Никола Груевски, кој во овие успеси го препознава сопствениот неуспех.

И Груевски знае, ако цветаа инвестиции и бизниси во Македонија, немаше Светска банка да го изнесе фрапантниот податок за над 600.000 луѓе кои ја напуштиле Македонија, од кои најголем број млади. Затоа Никола Груевски има потреба да ветува проекти во најава, да се расфрлува со нереални очекувања и бројки и да критикува.

Соработниците на ВМРО-ДПМНЕ на погрешна адреса ги упатија денеска нивните забелешки.
Ги пренасочуваме кај нивниот налогодавач да препрашаат:

-Зошто го избркаа Стијафилко, да не инвестира во Струмица?
-Дали компаниите кои имаат купено земјиште во индустриската зона Сачево не ги реализираат своите инвестиции поради лошата економска клима?
-Зошто го премолчуваат ангажманот на општина Струмица и градоначалникот Заев за Агрокор?
-Зошто Вистеон Електроникс си заминува од Бунарџик?
-Зошто Груевски молчи за смртта на вработени во некои компании или дозволува и по 8 месеци да не земат плата во други?
-Дали се злоупотребува владина помош за странските инвеститори, бидејки вакви случаи се предмет на ревизија?

Струмица и Македонија знаат кој е кој и кој што прави за граѓаните. Времето на лагите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ помина.

Струмица, 04.11.2015г.

DSC_0985

DSC_0990

Напишете коментар