С.О.У. „Јане Сандански“ со активности за уредување на дворот во училиштето
Наставниот кадар и учениците во С.О.У. „Јане Сандански“ во следниот период ќе започнат активности за хортикултурно уредување и поставување нова урбана опрема во дворот во училиштето. Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ како и секогаш ги подржува овие активности за раззеленување и разубавување на јавните зелени површини, посебно е за пофалба кога иницијативата доаѓа од млади. Работната единица од секторот „Комунална хигиена“ денес работеа на расчистување и подготовка на теренот каде ќе се реализира оваа активност.