Ристо Ѓоргиев- Инста-релевантност

Човекот е пред се и над се социјално битие. Како такво, мора да развие комплексни норми и системи на однесување, кои ќе му овозможат нормално и успешно функционирање во општеството. Општеството пак, како збир на комплексни и засебни индивидуи тежнее да создава комплекси хиерархиски системи со цел да го регулира секојдневното нормално функционирање.download (5)

Човекот во себе носи природен стремеж да востанови хиерархија, а откако таа е дефинирана и јасно оцртана, да креира начини на кои ќе установи како индивидуите ќе се качуваат и паѓаат на тоа скалило.

Ваквото скалило е прифатено, охрабрено и поддржано од општеството, затоа што одржува редот во хаосот и често се состои од многу непишани норми и правила. За да постои хиерархија често мора да постои и релевантност за оценување на успех или неуспехот на човекот.

Низ историјата општествата често ја менуваат релевантноста на индивидуата од зависност на добата. На пример во општеството нај релавантни се или најбогатите, или генералите во армијата, политичарите или на пример интелектуалците. Во поново време актери, пеачи и уметници.

download (2)Овие индивидуи, свесно или несвесно поставуваат релевантни стандарди или трендови, кои остатокот од општеството мора да ги следи за да биде дел од групата. На пример, доста позната е легендата дека денешниот модерен шпански се зборува со познатото „шушкање“, само затоа што влијателниот крал Петер Кастиљански, не можел убаво да изговара одредени гласови. Неговота релевантност во општеството била толку голема што таа негова мана одликува денес цел eден јазик.

Релевантноста во едно општество најчесто низ историјата се пренесувала, преку секому познатиот медиум, “озборување“. Всушност, иако овој медиум често има негативна конотација, клучен е за човечкиот опстанок. Јувал Харари, во својата книга „Хомосапиенс – Кратка историја на човештвото“ посочува токму на озборувањето и имагинација како клучни фактори за денешната целосна човечка доминација на планетава.download3

Со брзиот развој на технологија посебно во овој век, комплексниот систем на релевантност и потребата за истата се зголемуваат многу струко. Огромната брзина на информации, слики и видеа кои доаѓаат до нас не тераат уште побрзо да ги консумираме и постојано да бараме уште повеќе.

Најдобар пример за тоа се социјалните мрежи, а тука секако предничи Инстаграм. Токму затоа насловот на текстот е инста-релевантност. Потребата за релевантност секако не е нова, но модерното општество создава огромна потреба за достигнување на истата “инстантно“.

Проблемот во ваквата ненаситна потреба за инста-релевантност е што таа создава општествени проблеми и стандарди кои водат кон општествена деклинација. Порано за да се стекнете со релевантност од некој вид, дали во кругот на фамилијата, професијата, спортот или пак општеството во целост, моравте да имате реални и опипливи резултати и успеси. Социјалните мрежи од друга страна, комплетно ја елиминираат оваа потреба и ја сведуваат релевантоста на „лајк“, „фоловерс“ или колку луѓе ви го имаат видено „сторито“.download (3)

Ваквата релевантност е нереална и неопиплива, и е директен катализатор на нереални човечки, општествени и друштвени очекувања, дека животот мора константно да биде идеален, среќен, исполнет со патувања, луди забави, прекрасни јадења и интересни настани.

Ваквата замислена идела од друга страна, создава невиден притисок кај корисниците на Инста да останат релевантни и константно видливи дури и тогаш кога за тоа не постои ама баш никаква причина.

Поради ваквиот ненормалн брз раст и огромно влијание на Инстаграм, луѓето често потсвесно чувствуваат притисок да се приклучат на мрежата и да останат тука неколку часа на ден, иако за тоа воопшто не постои потреба. Нереалниот животен стил кој често се пропагира по ваквите мрежи, води до уште по нереални животни очекување кои водат до криза на идентитет, депресија, зголемен број на разводи, себичност, нарцисоидно однесување итн.

Времето кое луѓето би можеле реално да го поминат во кругот на семејството, да научат нови вештини и јазици или генерално да се осознаат, е бескорисно поминато во себе-промовирање на фиктивна платформа, која во најчест случај креира огромен притисок врз единката да биде релевантна и кога за тоа нема причина.download (4)

Ваквиот несвесен притисок не тера да се натпреваруваме и следиме луѓе чија релевантност нема вистинска и морална вредност Не наведува кон константна завист и незадоволство затоа што соседот или сосетката повторно посетиле некоја интересна локација, додека ние на судни маки собираме некое денарче да тркнеме до Дојран.

Многу е лесно да се заклучи дека социјалната релевантност на платформите како Инста, не тера да фингираме цел еден живот и константо да се бориме да бидеме перципирани како релевантни во друштвото.

Нити Инста, нити една друга социјална мрежа нема да ви го подобри социјалниот живот или ќе ја задоволи вашата потреба за релевантност.

download (6)Единстен правилен пристап кон себе-реализирање е себе-разбирање. Ваквата состојба на умот во денешното динамично време е како да си ја бркате сенкате во темница. Сепак халуцинациите можат да се победат со константа наобразба, читање, константа физичка активност и лимитирани, но искрени човечки контакти. Инста релевантноста е исто како никотин или доза дрога, зависност за која сме свесни дека ни штети, но се тешиме дека во мали дози е добра за нас.

Свесни сме дека е штетна за нас, но нашиот мозок кој константо работи 200 на час има потреба да биде задоволен набрзинка и сега, а не подоцна. Медитацијата, се има многупати докажано како лек против ваквите потсвесни мозочни реакции, и е исто одличен медиум, ако сакате да се доведе во состојба да ги контролирате вашите мисли.

Најверојатно, сите ние често размислуваме колку ваквите социјални мрежи се штетни, но и понатаму ги користиме, затоа што не можеме да останеме релевантни на ниеден друг начин.

Ова е секако заблуда, која веднаш мораме да ја разбиеме. Доколку сметате дека Инста-релевантноста ви е зависност, веднаш направете го одлучувачкиот чекор. Измерете го времето кое го користите на оваа мрежа и искористете го тоа време за да се подобрите професионално, лично, физички или било кој друг начин во кој ќе можете да видите реални резултати и вистински да се почувствувате среќни.

Инста-релевантноста не е вистинска лична реализација, а се додека не се себе-реализирате или преку кариера, семејство, спорт или уметност, нема да бидете вистински среќни. Постигнете вистинска и опиплива релевантност и никогаш повеќе нема да се вратите во сајбер лагите.
Инста-релевантност

Напишете коментар