Реализирани активности од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието
Во рамките на програмата за Мали грантови од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, учениците и наставниците од ООУ „Маршал Тито“ од Струмица, преку новинарската секција реализираа програмска активност со истражување во областа на спортот, музиката, културата и историското наследство. Од страна на учениците во мешан етнички состав, беа посетени домовите на познати спортисти, музичари, културни работници и историчари и преку методите на разговор и интервју беа запишани интересни податоци за состојбите во тие области, некогаш и сега.
Посети беа извршени на Старата турска пошта, Орта Џамија, Св. Петнаесет Тивериополски маченици, Струмин гроб и манастирските комплекси во Водоча и Вељуса.
Заедничкото дружење, учењето за традицијата и културата на двете етнички заедници, учењето едни од други, изработката на заеднички постери произлезени од истражувачката активност и посетата на археолошките и историски знаменитости, се некои од вредностите со кои учениците ги остварија елементите од акциониот план, изработен посебно за оваа програма.