Реализирана уште една успешна крводарителска акција на општинската администрација
Општина Струмица денеска ја реализираше традиционалната крводарителска акција, а по повод 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија и 11 септември – Денот на ослободувањето на Струмица. Со собрани 30 крвни единици, општинската администрација и во оваа 21 крводарителска акција ја потврди својата хуманост и солидарност дарувајќи ја својата драгоцена течност за да спаси нечиј човечки живот.
-Со денешната акција уште еднаш се потврдува дека вработените во општина Струмица несебично ја даруваат својата драгоцена течност на сите на кои таа им е потребна. Поголем дел од општинската администрација се вклучи и можеме да оцениме дека акцијата на општина Струмица е успешна, рече илија Патриков, вработен во општина Струмица.
Оваа крводарителска акција ја организираше општина Струмица во соработка со Црвениот крст на Струмица и Заводот за трансфузиона медицина.