Реализирана сообраќајно-едукативна активност во основните училишта во општина Струмица
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Струмица, во рамките на активностите за унапредување на безбедноста на децата во сообраќајот, заедно со учениците, наставниците и родителите од основните училишта во општина Струмица, реализираше активност во сообраќајно едукативната кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Оваа кампања е организирана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование и наука и останати партнери, со активно учество на Општинските совети за БСП.
Општинскиот совет за БСП-Струмица, со поддршка на градоначалникот Зоран Заев и Советот на општина Струмица, како и досега ги поддржува сите кампањи и активно учествува и придонесува за успешна реализација на дадените теми од сообраќајната култура.