Реакција на прес конференцијата на Ванковер Манчев

На 18-та седница на Советот за развој на Југоисточен плански регион одржана на 18.11.2015 година во Валандово, по предлог-Одлуката за утврдување на годишна листа на проекти за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој, од страна градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев, предложен е Проект за регионален мониторинг на животната средина во Југоисточниот плански регион.
Проектот предвидуваше воспоставување на регионална мониторинг мрежа за следење на загадувањето во медиумите почва, воздух и вода во животната средина во Југоисточниот плански регион. Предвидени беа мерни станици за воздух во Струмица, Ново Село, Радовиш и Гевгелија, лаборатории за испитување на параметрите на почвата и водата лоцирани во Струмица и Гевгелија, како и План за управување со мониторинг системот во ЈИПР.
Од страна на мнозинството членови на Советот , предлогот беше одбиен со образложение дека не е приоритетен и дека тоа е под ингеренција на централната власт преку Министерството за животна средина и просторно планирање.
Одбивањето на предлогот значи потврда дека нема загадување од размери какви што сака да ги прикаже ВМРО ДПМНЕ.
А дека општина Струмица се грижи за зачување на средината потврдува гасификацијата, проект кој што почна да функционира во 2012 година и кој во континуитет има зголемување на приклучоците од домаќинствата и фирмите и кој ја направи Струмица прва системски гасифицирана општина во Република Македонија.

Напишете коментар