Реакција на Граѓани од Турското Маало за Нереализирани Проекти
Група граѓани од турското маало, односно од улицата „Бетовенова“ во Струмица, денеска реагираа на ветените, а нереализираните проекти на градоначалникот Зоран Заев, во овој дел од градот.
Интегрален текст од прес конференцијата:
„Веќе 9 години слушаме како Зоран Заев ветува се и сешто, но ретко што исполнува, а со неговото заминување во Скопје, Струмица ја остави на цедило.
Заев залудно се обидува да биде сериозен политичар, создавајќи нереални програми со голем број ветени, но нереализирани проекти.
Денес оваа изјава, ние граѓаните од овој дел од градот, сакаме да му поставиме неколку прашања на градоначалникот во заминување Зоран Заев.
Каде е ветениот од вас одводен канал? Го ветивте да биде реализиран уште во 2012-та година. Дали улиците „Бошко Буха“, „Бетовенова“ и патот кон гробиштата денес се реконструирани, како што им ветивте на граѓаните кои живеат во тој дел од градот? Каде се новите канализации, тротоари, канделабри, новите клупи и канти за отпадоци кои им ги ветивте на граѓаните? Каде се потрошените пари од буџетот на општината Струмица кои беа предвидени за реализација на овие проекти во вкупна вредност од 1.300.000 евра?
Да ги потсетиме граѓаните на општина Струмица дека сме сведоци на овие дадени проекти од градоначалникот Заев, кои се уште не се реализирани, останаа само празни ветувања и нереализирани проекти кои струмичани долго ќе ги паметат.
Господине Заев, на вашите зборови не може да им се верува, бидејќи и во вашиот трет мандат ја изневеривте довербата коај ви е дадена од граѓаните на општина Струмица.
Вие веќе оддамна го изгубивте кредибилитетот кај граѓаните на општина Струмица. Затоа ве повикуваме час поскоро во знак на морален чин да си поднесете оставка од функцијата градоначалник на општина Струмица и конечно струмичани да изберат градоначалник кој ќе работи за интересите на граѓаните, а не лично и семејно богатење“ – изјави Абди Демиров, жител на улицата „Бетовенова“ во Струмица.
Преземено од СтрумицаНет
- Менторски Средби за Сертификација на Наставниците
- Реакција на Општина Струмица на Одржаниот Прес на група Граѓани