Работна конференција на Локалниот совет за превенција
Денес, Локалниот совет за превенција на општина Василево одржа работна конференција на која релевантните локални фактори расправаа за улогата и значењето на партнерскиот пристап во идентификувањето и решавањето напроблемите на локално ниво.
Претставници од полицијата, од Управата за водење матични книги, од Црвениот Крст, од Дирекцијата за заштита и спасување, Републичкиот центар за управување со кризи, Територијалната противпожарна служба, Основното јавно обвинителство, НВО-секторот, верските заедници, членови на општинскиот совет и општинските јавни институции како и граѓани од населените места на општината расправаа за состојбите во заедница и можностите за надминување на одредени локални проблеми и ситуации со заедничка вклученост на повеќе фактори и во соработка со локалното население.
„Соработката на локалната самоуправа, полицијата и граѓаните во изнаоѓањето на решенија за локалните проблеми во која секој од партнерите има конкретна улога во зависност од надлежностите, претставува основа за подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните“, рече градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој беше домаќин на денешната Конференција.
Презентација за значењето и суштината на Локалниот совет за превенција, улогата на градоначалникот како и партнерството меѓу полицијата и заедницата имаше Хризантема Рендевска од отсекот за превенција при СВР- Струмица, која се осврна и на досегашните искуства и практика.