Работилница за издавање на Б интегрирани еколошки дозволи
На 16.06.2017 година во Струмица се одржа работилница за издавање на Б интегрирани еколошки дозволи во рамките на проектот “Управување со сливот на река Струмица“.
Целта на оваа работилница беше подобрување на искуствата за пишување дозволи, работејќи на конкретни случаи и преку анализа на веќе издадени дозволи.
Учесници на оваа работилница беа лицата од одделенијата за животна средина задолжени за издавање на вакви дозволи и комуналните инспектори од сите шест општини на сливот на река Струмица.
Ваквите работилници се имплементираат веќе подолг временски период и имаат за цел поефикасна имплементација на ИСКЗ системот за сите општини од сливот на река Струмица заедно и да се подобри севкупниот квалитет на животната средина.