Првото новороденче во Струмица е машко бебе
Новата 2019 година во првите часови од нејзиниот почеток, градоначалникот Коста Јаневски со неговите соработници, им ја честиташе на вработените кои новогодишната ноќ ја поминаа на своите работни места во Територијалната професионална противпожарна единица, Секторот за внатрешни работи, Фабриката за вода, Брзата помош, Нервното одделение во струмичката болница, Стоматолошката амбуланта и Центарот за управување со кризи и им подари пригодни подароци.
Новата година му ја честиташе и на новиот жител на општина Струмица, првото новороденче машко бебе со штедна книшка од 20 илјади денари посакувајќи му весело и безгрижно детство.
Среќна Нова година им посака и на штитениците во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско.