Првиот Училишен Час за Првачињата ќе Започне Утре во Девет Часот
Одделението за образование при општина Струмица ги известува родителите чии деца се запишани во прво ооделение дека првиот училишен час ќе почне утре (01.09.2015г.) со почеток во 9 часот во сите општински основни училишта.
Исто така, од одделението ги покануваат учениците и родителите да присуствуваат на свечената програма која со почеток во 10 часот ќе се одржи пред Домот на АРМ.
За учениците од шесто до деветто одделение првиот училишен час во новата учебна 2015/2016 година ќе започне од 7,30 часот, а за учениците од второ до петто одделение во 13,30 часот.
За учениците од прва и трета година во средните општински училишта наставата ќе започне во 7,30 часот, а за учениците од втора и четврта година во 13, 30 часот.
Во основните општински училишта новата учебна година ќе ја започнат вкупно 4.913 ученици од прво до деветто одделение, од кои 570 се првачиња, а во средните училишта наставата ќе ја почнат вкупно 3.610 ученици од кои 1.189 во СОУ „Јане Сандански“, 1.276 во СОУ „Никола Карев“ и 1.145 во СОУ „Димитар Влахов“.