Промовирана монографијата „Подарена младост“

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска, присуствуваше на промоцијата на монографијата „Подарена младост“, проект на Општинскиот сојуз на борците од НОАВМ и нивните продолжувачи која што се одржа во просториите на домот на АРМ. Во монографијата се опфатени биографиите на сите загинати борци од сите општини во струмичкиот регион, биографиите на носителите на партизанска споменица од 1941 година и биографиите на народните херои Благој Јанков Мучето и Јосиф Јосифовски Свештарот.
Монографијата ја промовираше професор д-р Љубица Јанчева од Институтот за национална историја на Република Македонија, а истата е реализирана со финансиска поддршка од општина Струмица.
16864338_1217364094983685_2969349585689589787_n

16865085_1217363948317033_5007437981328169858_n

16996220_1217363951650366_7968628928064580878_n

Напишете коментар