Промовирана Брошура за грантирани проекти од општина Струмица
Денеска во Центарот на заедницата на општина Струмица беше промовирана Брошура за грантирани проекти од општина Струмица за 2015 година. На промоцијата покрај претставници на Општината и центарот, присуствуваа и претставници на здруженијата кои што добиле финансиска помош од општина Струмица за реализирање на проекти за 2015 година.
-Оваа брошура не се однесува на оние проекти кои што во моментов се актуелни за оваа 2016 година, туку, се однесуваат за оние од минатата година затоа што ни беше потребен процес додека проектите завршат, па потоа да се собере потребниот материјал и сето тоа да се сублимира во една брошуракоја има големо значење за самите добитници на грантовите, односно здруженијата, но и за граѓаните кои ќе можат да се информираат на какви проекти се работело и посветило внимание во 2015 година. Овие проекти беа доделени од општина Струмица од програмите G1 за локален економски развој и V2 – социјална заштита. Се надеваме дека оваа пракса ќе продолжи и во наредната година и ќе направиме нова брошура со која што ќе бидат опфатени проектите од 2016 година, рече Мими Николиќ од Центарот на заедницата.
Брошурата е двојазична (македонски и англиски јазик) и ги опфаќа активностите на граѓанскиот сектор во периодот јуни-декември 2015 година и е поврзана со Стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор 2015-2020 година, а е изработена со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Брошурата ги содржи следниве целини: објавен повик за прибирање проекти од областа ЛЕР (G1) и социјална заштита (V2), потребни детали за секој апликант, како и анекси и формулари што беа потребни за аплицирање на една од двете програми ЛЕР (G1) или социјална заштита (V2); извештаи за одржаните настани во Центарот на заедницата на општина Струмица; донесените одлуки за избор на грантирани здруженија и опис на проектните реализации.
Минатата година преку Програмите G1 – локален економски развој и V2 – социјална заштита, општина Струмица финанссики поддржа проектни активности на вкупно 24 здруженија.