Промотивно видео за проектот „Управување со сливот на река Струмица“
Проектот „Управување со сливот на река Струмица го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, општините Радовиш, Конче, Струмица, Ново Село, Василево, Босилово и други институции на локално, регионално и национално ниво, а е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Со времетраење од 6 години проектот има за цел подобрување на условите за живот на населението и еколошкиот статус на басенот на реката Струмица преку интегрирано управување со водните ресурси.
За активностите кои се опфатени со проектот погледнете од видеото подготвено за овој проект на следниов линкhttps://www.youtube.com/watch?v=itwSQtZIJko.