ПРОМОЦИЈА НА ВОДИЧ НИЗ УСЛУГИТЕ И ПОСТАПКИТЕ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА
Центарот на заедницата на општина Струмица заврши со изработката на Водич низ услугите и постапките на Општина Струмица кој беше изработен со цел полесно снаоѓање низ администрацијата на Општина Струмица и разбирање на општинските услуги, како и намалување на бирократските процеси. Овој Водич се реализираше како последна активност на Центарот на заедницата на општина Струмица за 2016 г.
ЦЗ Струмица организира промоција на Водичот со цел да овозможи полесен пристап и дисеминација на истиот до граѓаните и до Општината. Промоцијата ќе се одржи на 2 март 2017 г. со почеток во 12 часот во салата на Советот на општина Струмица, Дом на АРМ, Струмица. На настанот свое обраќање ќе има в.д. Градоначалникот на општина Струмица г-н Костадин Костадинов, а водичот ќе го промовираат координаторите на проекти во ЦЗ Струмица Танкица Таукова и Горан Сачевски. Настанот ќе го модерира Мими Николиќ, исто така координатор на проекти во ЦЗ Струмица.
Водичот е направен на начин да обезбеди доволно информации за граѓаните за полесно и поефикасно аплицирање и добивање на услуги коишто ги обезбедува локалната самоуправа. Воедно, за изработката на Водичот беше консултирана законската регулатива, прирачници, водичи и други материјали во Република Македонија, како и стручни мислења на експерти во области.
Настанот е од отворен тип и на него може да присуствуваат сите заинтересирани граѓани. За дополнителни информации и потврда на Вашето присуство побарајте нѐ на тел: 034/334-117 или на мејл: [email protected].